Испечати

Турска супа од леќа со зачини

Турска супа од леќа со зачини

Состојки

  • 2 големи моркови
  • 300 гр црвена леќа
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 зелени пиперки
  • 100 мл доматен сос
  • по желба сол
  • 1/2 лажиче мелен ким
  • 1/2 лажиче зачин чили или каен пиперка
  • 1 лажиче мелен бибер
  • 1 лажиче куркума или кари
  • неколку лажички масло

Подготовка

Ставете ја црвената леќа со крупно иселените парчиња моркови, кромид, лук и пиперки да се вари. Варете ја околу 20 до 25 минути. Извадете ги парчињата кромид, моркови, лук и пиперка и и убаво испасирајте ги. Во нив додадете го маслото и доматниот сос и останатите зачини. Посолете ги и вратете ги уште 10 минути во леќата да се варат за да се соединат со останатата смеса. Послужете ја супата со свеж магдонси, целер, нане или босилек. Додадете бибер по желба и послужете ја топла со малку лимон. Добар апетит!