Фино лесно колаче
Состојки
- 3 чаши (200мл) брашно
- 1,5 чаша шеќер
- 1,5 чаша вода
- 1 лажичка сода бикарбона
- 4 лажици мармалад од кајсии
- 1 цимет
Подготовка
Наведените сосотојки се ставаат во сад и се мешаат убаво со маталка, внимаваме да не има грутчиња. Циметот може и не мора да се стави, а мармаладот можете да си го изберете вие самите, не мора да е од кајсии.
Подготвената смеса се става во подмачкана тепсија, со зејтин и брашно, да се пече околу 15-20 минути на 200 степени.
Додека е топол колачот го премачкуваме убаво со мармаладот од кајсии, го сечеме и со нож на коцки и уживаме во десертот.
НАЗДРАВЈЕ !!!