Стек во рерна
Состојки
- 1 кг пилешки стек
- 500 мл млеко
- 5 моркови
- 1 чаша бело вино
- 2 чаши вода
- 2 пилешки коцки
- ½ лажиче црн бибер
- ½ тегла печурки
- 1 лажица брашно
- ½ филџанче вода
Подготовка
1. Стекот го сечиме по должина и го чукаме со дрвен чук.
2. Во еден сад го ставаме млекото и стекот. Го оставаме да стои во фрижидер цела ноќ.
3. Другиот ден го истураме млекото во кое стоеше стекот и го миеме месото. Месото го пржиме на врело масло од двете страни додека да порумени, да ја промени бојата .
4. Стекот го редиме во земјена тава
5. Морковите ги рендаме. Во истото масло во кое го пржевме стекот, ги пропржуваме и морковите. Ги ставаме врз стекот.
6. Во сад на оган ја тураме водата и ги ставаме коцките, додека да зоврие водата и да се стопат коцките. Во тавата го тураме белото вино, црниот бибер и вода со коцките. Тавата ја покриваме со фолија и ја ставаме во рерна на 200 степени 1 час. По потреба додаваме топла вода.
7. Печурките ги миеме и ги запржуваме во масло. Го додаваме брашното и водата, малку да зоврие. И ги додаваме печурките врз стекот.
8. Тавата со стекот ја ставаме во рерна на 180 степени да се прави уште 30 минути. Фолијата ја вадиме и стекот без фолија се прави уште 15 минути.