Нагетс
Состојки
- 500 гр пилешко бело месо
- 40 гр кромид
- 80 гр леб
- 1 чешне лук
- 2 лажици соја сос
- 1 лажиче сол
- 1 лажица сенф
- малку бибер
- Смеса за похување
- 70 гр млеко
- 70 гр брашно
- 1 јајце
- малку сол
- 1/2 лажиче прашак за пециво
- По потреба
- масло за пржење
- по потреба презла
Подготовка
Пилешкото месо исечете го на помали коцки, кромидот и лукчето исецкајте го, лебот издробете го и ставете ги во блендер. Додајте ги сенфот, сосот од соја, сол и бибер. Блендирајте ги додека се добие мазна смеса.
Од смесата направите мали ќофтиња.
Подгответе ја смесата за похување.
Во сад изматете ги јајцето и млекото, додајте ги брашното, пецивото и малку сол. Измешајте ги да се изедначат.
Ќофтињата прво ставете ги во смесата, потоа во презла и пржете ги во загреано масло од двете страни. Испржени извадете ги на салфетка да се впие вишокот на маснотија.
Послужете ги топли со салата, пржени компири, кечап, мајонез..