Испечати

Мусака со стек и тиквички

Мусака со стек и тиквички

Состојки

  • 1 тиквичка со средна големина
  • 300 грама стек
  • 1 јајце
  • 5 -6 лажици павлака

Подготовка

Стекот го пропржуваме на кратко со мешан зачин и сол. Може да се стават и печурки. Тиквичката ја сечкаме на кругови и редиме во огноотпорен сад намачкан со масло и посолуваме. Ставаме од стекот. Ја повторуваме постапката додека има зајре. Печеме на 200 степени околу 40 минути. Неколку минути пред крај ја вадиме и прелеваме врз мусаката изматено јајце и павлака.