Манџа со блитва и ориз
Состојки
- 20 листови блитва
- 1 домат
- 1 главица кромид
- пола филан ориз
- 2 пилешки батаци
- 2 мали лажички сол
- 1 лажица зачин
Подготовка
Најпрво се вари месото кратко за да може да се исчисти од коските. Откако ќе го исчсистиме го додаваме кромидот, потоа изрендан доматот и оризот и 10 минути пре крај блитвата која сме ја измиле, исчистиле и искинале со раце. На крај се запржува по желба со црвен пипер, масло и брашно, а и не мора.