Испечати

Кроасани со мармалад или крем

Кроасани со мармалад или крем

Состојки

  • 1 килограм брашно
  • 150 милилитри јогурт
  • 150 милилитри свежо млеко
  • 1 филџан масло
  • 1 квасец
  • 1 јајце
  • 250гр маргарин

Подготовка

Се замесува тесто од состојките освен маргаринот. Се дели на два дела и од секој дел се вадат 8 топчиња. Секое топче се сука колку една тацна и се мачка со маргарин.
Сите се редат едно над друго и се добиваат две кори кои се развиваат. Од неа сечиме триаголници кои ги мачкаме со еурокрем или со мармалад ( по желба ) и формираме кроасани.
Оставаме малку да покиснат. Се печат на 200 степени додека не заруменат.