Видео рецепт: Похуван зеленчук
Пржењето во длабоко масло не е специфично само за Јапонија, меѓутоа похуваниот зеленчук стана многу познат поради глобалниот извоз на Јапонската кујна. Разнобоен, свеж похуван зеленчук послужен со соја сос.
Состојки
- ½ мал црн домат
- ½ тиквичка
- 1 голем морков
- Неколку гранчиња брокула
- 150 грама брашно
- 1 јајце
- 250 милилитри ладна газирана вода
- 1 лажичка куркума (по желба)
Ќе ви треба и:
- Масло за пржење, сол и бибер
- Соја сос за сервирање
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.
Подготовка
Чекор 1: Почнуваме со сечкањето – поделете ја брокулата на помали цветови, излупете го и исечкајте го морковот . Тиквичките исечете ги на ленти, а црниот домат на крукчиња.
Чекор 2: Измешајте го брашното со јајцето и ладната вода додека да добиете погуста смеса.
Чекор 3: Извалкајте ги парчињата зеленчук во смесата за похување и пржете ги во загреано масло во решетката за печење во Гурмет 8 во 1 пекачот. Повремено вртете ги за убаво да се испржат и од двете страни. Пред да ги послужите ставете ги на хартиена салфетка за убаво да се исцедат од маслото.
Чекор 4: Послужете на чинија со соја сос. Ова е одличен оброк подготвен во пекачот Гурмет и е идеален за готвење на отворено, во текот на летото.
СОВЕТ: Ние додадовме и малку куркума во смесата за похување за да добиеме поубава боја и поинтересен вкус. Слободно можете да експериментирате со зачините и вкусовите. Можете дури да додадете и благ сос од чили пиперчиња кој исто така, ќе го најдете на Мои Рецепти.