Испечати

Бисквит торта

Бисквит торта

Состојки

  • 100 гр чоколада за готвење
  • 150 гр маргарин
  • 400 гр бисквити
  • 100 гр ресани
  • 1 пакетче ванила
  • 2 лажици шекер
  • 1-2 лажици млеко

Подготовка

На оган ги топиме чоколадата и маргаринот, и откако ке се добие хомогена смеса го додаваме кафето и ванилата. Во меѓувреме во друг сад ги кршиме бисквитите и ресаните, го додаваме шекерот, па сето тоа го полеваме со растопената чоколада. Месиме со рака и правиме ролат, кој го виткаме во фолија и го ставаме во фрижидер околу 2 часа да се стекне, и потоа декорираме по желба.