Посна торта со ореви и кокос
Состојки
- 6 филџанчиња (125мл) кисела вода
- 5 филџанчиња шеќер
- 2 филџанчиња масло
- 6 филџанчиња брашно
- 50гр. кокос (за белиот дел)
- 60гр. мелен орев (за кафеавиот дел)
- 2 лајчиња какао
- 5 лајци мармалад од црни сливи
- 4-5 лајци шеќер во прав
Подготовка
Сочна торта погодна за сечење во разни форми испробана и секогаш успешна. Киселата вода и шеќерот се бијат со миксер додека подзабелат, се исклучва миксерот и се додава брашното, сега мешајќи со маталка, се додава маслото и печивото. Се дели смесата на два дела во два одделни сада, во едниот дел се стават оревите и какаото, а во во другиот дел кокос. Во премачкано правоаголно тавче со масло и брашно се тура прво кафеавата смеса да се печи на 200, кога се испечи се вади и се премачкува веднаш со мармаладот, над неа се полева и белиот дел од смесата, се враќа да се доиспечи во рерна и тој. Се лади и се посипува со шеќер во прав, сечете по избор.