Испечати

Проички со тиквички и кисела павлака

Проички со тиквички и кисела павлака

Состојки

  • 1 тиквичка (230 гр)
  • 3 јајца
  • 250 гр сирење
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша кисела павлака
  • 1 прашок за пециво
  • 2,5 чаши брашно
  • 2 и 1/4 чаши пченкарно брашно
  • 200 гр салама
  • сол по вкус и малку сусам за посипување
  • 1 и 3/4 чаша кисела вода

Подготовка

Измешајте ги двата вида брашно и пецивото. Изрендајте ја тиквичката, сувомеснатиот производ и издробете го сирењето. Додадете ги во сувите состојки. Додадете ги и јајцата и течностите и се убаво измешајте.
Наросете малку сусам во силиконските модлички и полнете ги 2/3 од смесата. Печете на 200 степени околу 15-20 мин. Во зависност од рерната.
Со овие модли кај мене излегоја 20 парчиња.