Испечати

Колач со малини и изварка

Колач со малини и изварка

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 чаша (200мл.) шеќер
  • 1 чаша зејтин
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша гриз
  • 1,5 чаша брашно
  • 1 чаша изварка или крем сирење
  • 1 пециво
  • 250гр малини

Подготовка

Јајцата се матат со шеќерот, а потоа им се додаваат сите состојки освен малините. Смесата убаво се соединува и се става во плехче бр 32 да се пече.
Од како малку ќе се запече над тестото се распоредуваат малините и се враќа да се допече. Се пече околу 25 минути на 170степени.
Од како е печено може да се пороси со шеќер во прав, ако саката поблага варијаната.