Колач со малини
Состојки
- 4 јајца
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 1 чаша млеко
- пола чаша масло
- 1 пециво
- 1 ванилин шеќер
- 400 грама малини
Подготовка
Се матат јајцата со шеќерот да се растопи. Потоа ги додаваме другите состојки и уште малку матиме. Смесата ја истураме во подмачкан плех со маргарин и малку брашно (или со хартија за печење) и ги тураме низ неа малините (може да се стави било кое овошје).
Печеме 30 минути во загреана рерна на 200 степени.
Чашите се од 200мл.