Рестован компир со тиквичка и морков
Состојки
- 500гр. компири
- 1 главица кромид
- 1 тиквичка
- 1 поголем морков
- 1 лажица сецкан магдонос
- 1 неполна лажичка рузмарин
- 3 чешниња лук
- по потреба масло, мелен црн бибер, мешан сув зачин
Подготовка
Компирите излупете ги и ставете ги да се варат.
Во тава на оган со загреано масло ставете ги сецканиот кромид, изренданите морков и тиквичка и лукчето.
Пржете ги додека зеленчукот омекне, а потоа додајте ги сварените и испасирани компири и магдоносот.
Зачинете со рузмарин, црн бибер и мешан сув зачин.
Со постојано мешање убаво соединете ја смесата додека компирот почне да се умесува и да се одлепува од краевите на тавата.