Испечати

Витамински микс во салата

Витамински микс во салата

Состојки

  • 3 парчиња средно големо цвекло
  • 5 парчиња средно големи моркови
  • 5-6 парчиња лук
  • 1 киска магдонос
  • 2-3 лајци балсамик киселина
  • 2-3 лајци обична киселина-винска
  • 2 лајци масло,сол црн пипер
  • 1 лајче шеќер

Подготовка

Од типот на многу корисни салати, се конзумира и ладна, преполна витамини, како мезе со пијалок или во комбинација со ручек.
На покрупната страна од ренде се рендаат сите состојки, китката магдонос се кини на крупно, се зачинува, се остава во ладилник да отстои околу еден саат, да си поприми од зачините и се конзумира.
Не изоставен дел од нашата трпеза.