Испечати

Видео рецепт: Супа од тиква и печени црвени пиперки

Видео рецепт: Супа од тиква и печени црвени пиперки

Тиквата е состојка створена за супа. Нејзиниот богат вкус и боја ја прави една од најважните зимски состојки. Постојат многу рецепти за супа од тиква, но овде овој коренест зеленчук го комбинираме со печени црвени пиперки.

Состојки

  • Половина тиква со средна големина
  • 2 коцки за супа од зеленчук
  • 500 милилитри вода
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 цели печени пиперки

Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: Прво ќе го исечкаме лукот. Потоа и кромидот – не морате да бидете премногу уредни.
Сега и тиквата – доволни ќе бидат големи коцки или парчиња.

Чекор 2: Загрејте малку вода со коцките за супа од зеленчук... Не морате да додавате зачини бидејќи коцките за супа веќе ги содржат.

Сега ставете ги кромидот, лукот и тиквата. Крчкајте ја смесата околу 20 до 25 минути…

При крајот ставете ги и печените пиперки во смесата.

Чекор 3: Време е за блендер: Земете рачен блендер и иситнете ја супата за да добие рамномерна густина. Исто така, доколку на располагање имате обичен блендер, можете да го употребите за ситнење на смесата…

Чекор 4: Време е за сервирање: Со црпалка ставете од супата во длабока чинија.

Одозгора ставете малку павлака.

Сервирањето завршете го со исечкан магдонос за декорација.

СОВЕТ: Секојпат кога правите супа сфаќате колку е всушност лесно и колку креативна слобода имате. Навистина можете да експериментирате со вкусови, зачини и билки…. Многу ретко се случува некоја комбинација на состојки да не одговара за супа.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола