Прилог од грашак
Состојки
- 1 конзерва грашак (250-300 гр нето)
- 2 поголеми обарени моркови
- 1 лажица маслиново масло
- 100 мл павлака за готвење
- сол, црн бибер, мешан сув зачин, оригано, копар
- 1 чаша вода
Подготовка
Во огноотпорен сад ставете маслиново масло, грашокот и косо исечените обарени моркови. Пржете додека убаво не омекнат (10на мин, во зависност од силата на огнот).
Потоа додадете ја водата, павлаката, па посолете и зачинете.
Варете додека не се добие убав кремаст сос низ зрната грашок. Доколку тоа се случи за многу кратко време, придодадете уште малку вода (1/2 чаша).
Прилогот се служи топол и најдобро оди со ќофтиња, плескавици или слично од мелено месо, но исто така можи и како веге варијанта за ручек.