Ќофтиња со вино сос
Состојки
- 800 гр мелено месо (мешано)
- 1 поголема главица кромид
- 60 гр путер
- 250 мл црвено вино
- 150 мл слатка павлака (без шеќер, за готвење)
- по потреба сол и бибер
- 1 китка магданос
Подготовка
Во меленото месо додаваме 1 главица испржен кромид се додава сол и бибер се со влажна или намрсена рака се формират кофтиња кои се валкат убаво во брашно. Ќофтињата се пржат во растопениот путер на умерена температура. Кога се готови се вадат во чинија. Во путерот во кој се пржеа додаваме вино да се загрее па ја додаваме павлаката. Оставаме малку да вари па додаваме сол бибер магданос и исклучуваме.
Топлиот сос го преливаме врз кофтињата.