Колач `Далматинец`
Состојки
- Бело тесто*
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 1 лажица масло
- 1/2 пециво
- Темно тесто*
- 6 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 5 лажици млеко
- 2 лажици какао
- 1 лажица масло
- 1/2 пециво
- Прелив*
- 300 мл. млеко
- 3 лажици шеќер
- Крем*
- 1 л. млеко
- 3 пудинга од чоколадо
- 10 лажици шеќер
- 200 гр. маргарин
- За украс*
- 500 мл. слатка павлака или 3 кесички шлаг пена
- 70 гр. стопено чоколадо
Подготовка
За белото тесто*
Белките се матат заедно со шеќерот, потоа се додава лажица масло и брашното помешано со пецивото. Добиената смеса се става со лажица во облик на топчиња во подмачкана и со брашно посипана тава на помали растојанија.
За темното тесто*
Се матат жолчките заедно со шеќерот, се додава млекото, маслото, а потоа брашното помешано со какаото и пецивото.
Темната смеса полека се става помеѓу белите топчиња.Не треба да се рамни, затоа што и двете смеси ќе се измешаат. Се остава така.
Се пече во загреана рерна на 200 Ц.
Печеното тесто се остава да се излади и се прелива со жешкиот прелив направен од млекото и шеќерот.
За кремот*
Трите пудинга се варат во млекото заедно со шеќерот. Во жешкиот пудинг одма се става маргаринот и се заедно се миксира и се остава кремот да се излади па се премачкува тестото.
Врз кремот се става разматената слатка павлака и на крајот се украсува со растопено чоколадо.