Испечати

Калимански чомлек

Калимански чомлек

Состојки

  • 800 до 1000 гр. јунешко или телешко месо-од плешка
  • 800 гр. ситен кромид
  • 5-6 чешниња лук
  • 2-3 лажици зејтин
  • 2 лажици оцет
  • 100 мл. црвено вино
  • 1 лажица црвен пипер
  • зачини сол, сув зеленчук, бибер во зрнам малку магданос
  • 1-2 суви пиперки
  • по потреба вода

Подготовка

Овој чомлек сличен на Охридскиот чомлек...
 
- Се сече месото на помали парчиња, се става во земјената тава, врз него се додаваат кромидчињата, лукот и зачинките. Се додава зејтинот, оцетот и виното, се залева со вода колку да се покрие месото. Добро затворете го садот и ставете во рерна нека крчка најмалку 3 часа а може и повеќе.
Со од фурна извадено топло лепче... милинка е...
- Наместо црвено бино можете да го замените со бело суво вино... исто така добро.
- Со погача испечена во подница..... да не раскажувам понатаму нели?