Плескавици од мелено месо и тиквички
Состојки
- 1 тиквичка (250 гр)
- 250 гр мелено месо
- 100 гр презла
- 2 јајца
- сол, црн бибер, оригано, мешан сув зачин
- 1/2 лажиче лук во прав
- 5 млади кромидчиња
- 1 лажиче сенф
- 1 лажица мелено ленено семе
- 150-200 гр кашкавал
Подготовка
Едноставно, нарендајте ја тиквичката, кромидот ситно исецкајте го, а кашкавалот исечете го на концкички и потоа сите состојки заедно убаво измешајте/измесете ги.
Веднаш обликувајте плескавици и пржете ги на загреано масло, на скара или во грил тава.
Направете си домашен сендвич или послужете ги со свежа салата и некој прилог и уживајте!