Полнети пржени лепчиња
Состојки
- 8 парчиња бајат леб
- 2-3 јајца
- малку млеко
- по вкус сол
- масло за пржење
- За полнење
- 2 парчиња свински врат
- 2 парчиња сирење
- 4 парчиња кашкавал
Подготовка
Ова не е баш рецепт, повеќе е идеја што би направиле со бајатиот леб, а ви здодеале обичните пржени лепчиња. Вака добивате богати, топли сендвичи.
Подготовка
Јајцата се матат со солта и се додава млекото.
Од лебот се прават сендвичи полнети со што ви се јаде во моментот. Моите беа со парчиња свински врат и кашкавал и за мене омилената комбинација, сирење и кашкавал. Потоа сендвичите се макаат во јајцето со надворешната страна и се пржат во загреано масло додека не заруменат.
Одлични се во комбинација со свеж домат!
Пријатен апетит!