Испечати

Пилешки џигерчиња со соја сос

Пилешки џигерчиња со соја сос

Состојки

  • 500 гр. пилешки џигерчиња
  • 1 големо чешне лук
  • 2 лаж. соја сос

Подготовка

Овој рецепт е многу едноставен, но многу е вкусен. Во него не се употребуваат многу состојки, само соја сосот којшто му дава многу убав вкус.
Пилешките џигерчиња се ставаат во загреаната тава со масло за да се пржат. Во нив се става и исецканиот лук , потоа се додава и соја сосот и сето тоа убаво се меша и се готви додека џигерчињата да бидат готови.