Стек со доматен сос и печурки
Состојки
- 4 парчиња мариниран стек
- за сосот
- 2 главици кромид
- 4 чешчиња лук
- 100 гр свежи шампињони
- 2 лаж доматно пире
- 150 мл вино
- 150 мл вода или супа
- 1 лаж брашно
- по потреба сол и бибер
- пола китка магданос
Подготовка
Во тава со масло го пржиме стекот. Готовиот стек го вадиме во чинија.
Во маслото каде се пржеше стекот додаваме исецкан кромид исецкан лук и исецкани на парчиња печурки. Пржиме околу 5 до 7 минути.
Доколку правите со маринирани печурки додадете ги откога ќе се испржи кромидот и попржете уште малку. Додадете го доматното пире и попржете уште две минути, па додадете го виното и водата, сол и бибер. Нека покрчка на тивко уште 5 минути. Доколку има потреба додадете уште вода или супа.
Брашното разредете го со малку вода и додадете го во сосот и сецканиот магданос. Нека покрчка уште малку. Сервирајте заедно со стекот во чинија. Доколку сакате можете стекот да го додадете пред крајот на готвењето во сосот заедно да покрчка.