Едноставна торта со фил
Состојки
- 4л.+2л. гриз+ брашно
- 3 лајци презла
- 2 кесички ванила шеќер
- 1 кесичка печиво
- 7 лајци шеќер
- 3 јајца
- за прелив...
- 200мл. вода
- 4 лајци шеќер,сок од цеден портокал
- за фил...
- 300мл. млеко
- 1 кесичка пудинг од лешник
- 2-лајци чоколадо во прав
- 100 гр. маргарин
- 1 кесичка шлаг со вкус на ванила,чоколадо рендано по избор
- 3лајци шеќер
Подготовка
Меѓу првите кори кои порано се изработувале, секако се т.н. потурени овај рецепт е нешто слично на тоа со тек на време претрпел некои измени, но да започнам со пишување...
Од јајцата и шеќерот (кои се бијат со миксер), се до сите останати состојки се образува смеса која се излева во правоаголен калап и се печи на 180, се лади.
Ладната кекса се полева со топол прелив подготвен од вода, шеќер кои варат 5-6 мин заедно, на крај се додава сокот од портокал.
За филот се вари како пудинг, со наведените состојки, ладно се спојува со биениот маргарин, се премачкува сочниот кекс, над него се става биен шлаг по упатство приготвен и сосема на врвот декорирајте со чоколадо по избор.