Испечати

Дип со зелени тревки

Дип со зелени тревки

Состојки

  • 200гр. сирење бело
  • 100гр. крем сирење
  • 1 парче печен црн патлиџан
  • 100мл. маслиново масло
  • 1 лајца маргарин
  • 3-4 гранчиња магдонос
  • 3-4 гранчиња копар, рукола, црн пипер
  • 80гр. индиски оревчиња

Подготовка

Резервирано за љубителите на кремасти намази, дипови споени со ароматични тревк.
Во блендер се микса црниот патлиџан (претходно печен во рерна и излупен) заедно со маслиновото масло, се става во сад настрана добиената паста.
Повторно се полни блендерот со сирење, крем сирење, маргарин, се микса и се додава во претходната смеса. И по третпат се ставаат да се хомогенизираат сите тревки заедно со оревчињата, се спојуваат сите смеси заедно, се добива еден прекрасен намаз или дип кој овај пат го конзумиравме со грицки топло го препорачувам...