Испечати

Куглоф со ореви и чоколадо

Куглоф со ореви и чоколадо

Состојки

  • 4 јајца
  • 4 филџани шеќер
  • 1 филџан масло
  • 5 филџани брашно
  • 2 ванили
  • 1 пециво
  • 50 гр сецкани ореви
  • 100 гр сецкано чоколадо
  • 1 лажица какао

Подготовка

1. Јајцата се бијат со шеќерот. Во нив се додаваат останатите состојки, само какаото не го додаваме и мешаме со дрвена лажица.
2. Половина од месата ја ставаме во силиконски калап, во другата половина го ставаме какаото. И него го тураме во силиконскиот калап, нежно мешаме со лажица.
3. Печиме на 180 степени 15 минути и уште 15 минути на 150 степени.

Забелешка – филџанот е 130 мл