Кинато пиле со сос
Состојки
- 100 мл масло
- 60 гр маргарин
- 2 лажици брашно
- 3 јајца
- 1кг пиле
- 3-5 парчиња лук
- 1/2 лажица сол
Подготовка
Пилето се вари и откако ќе се свари се става во релна околу 30 мин..Се зема половина литар од водата во која се вари пилето.Во водата се кршат јајца, се додава брашно, лук и масло.Овој сос се вари се додека се добие посакуваната густина.Пилето се кини на парчиња и се полева со сосот.