Испечати

Сплитска торта

Сплитска торта

Состојки

  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 100 грама смокви
  • 100 грама урми
  • 100 грама ореви
  • 100 грама бадеми
  • 50 грама суво грозје
  • 2 лажици рум
  • 4 лажици брашно
  • прстофат сол
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 рендана кора од портокал
  • 6 лажици сок од портокал
  • 7 лажици густин
  • 9 децилитри млеко
  • 250 грама маргарин
  • 100 грама чоколадни трошки
  • 10 лажици шеќер

Подготовка

ТЕСТО
1.10 белки се матат им се додава прстофат сол, 10 лажици шеќер, потоа 4 лажици брашно во кој сме ги додале сецканите ореви, урми, сувото грозје (претходно натопено во две лажици рум), бадеми и смокви. Рерната треба да е загреана.Тестото се става во намастен плех со хартија и се печи на 180 степени, 20 минути и после тоа се остава во отворена рерна уште 15 мин. Изладено се сечи на три ленти.

ФИЛ
2.8 децилитри млеко да зоврие. Во него се додаваат претходно изматени 10 жолчки со 10 лажици шеќер, 7 лажици густин, еден децилитар ладно млеко. Кога е сварен му се додаваат двете ванили и се остава да се излади. На ладен фил му се додава еден изматен маргарин и изренданата кора од портокал.

ПРЕЛИВ ЗА ТЕСТОТО
3. Шест лажици сок од портокал се помешуваат со румот во кој беше одстоено сувото грозје. Со оваа смеса се натопуваат трите ленти тесто.
4. Се филова тортата со приготвениот фил кој се дели на три дела. Секоја кора со една третина од филот. За одозгора се украсува со чоколадни трошки.
5. Се остава во фрижидер да одстои една ноќ.