Испечати

Брза пита со тиквички

Брза пита со тиквички

Состојки

  • 1 кг. исчистени тиквички
  • 4 јајца
  • 100 мл. масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 250 гр. гриз
  • 300 гр. издробено сирење

Подготовка

Откако го најдов овој рецепт на интернет, го правам веќе 3 пат - лесно се подготвува, а уште побрзо го “снемува“. Да ја искористиме сезоната на тиквички...

Тиквичките се рендаат, посолуваат и се оставаат да отстојат 10-15 мин. Повремено се притиснуваат и цедат од течноста.

Вклучете ја рерната на 180 степени и поченете со подготовка.

Јајцата се матат. Се додава маслото и павлаката.
Во сад настрана се меша гризот со брашното и прашокот за пециво и се додава на јајцата.
Се додава сирењето, семињата (по желба) и на крајот тиквичките (убаво исцедени).
Смесата се пече во плех од шпорет, на хартија за печење околу 30 минути.

Добар апетит!