Испечати

Домашна Нутела со кондензирано млеко и мед

Домашна Нутела со кондензирано млеко и мед

Состојки

  • 100гр печени лешници
  • 100гр чоколадо за готвење
  • 100гр млечно чоколадо
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кафеав шекер
  • 150мл засладено кондезирано млеко
  • 1 лажица какао

Подготовка

Се печат лешниците, се лупат и се бледираат да се добие паста од лешници. Се топат чоколадата и какаото на пареа, а настрана во друг сад на оган се ставаат млекото, медот и шеќерот. На лешниците им се додава чоколадото, се блендира и на крај изладеното млеко. Се блендира додека се добие густа смеса. Бон апетит!