Солено рафаело со маслинки
Состојки
- 300 гр. пилешки гради
- 200 гр. сусам
- 300 мл. кисела павлака
- 1 лажица букова сол
- 150 гр. кашкавал
- 200 гр. фета сирење
- 17 зелени маслинки со пиперки
- 150 гр. брашно
- 2 јајца
- 2 лажици мајонез
- 1 коцка за супа
- 5 кисели краставички
Подготовка
Во тенџере на оган со зовриена вода ја ставаме коцката за супа, наросуваме мелен црн пипер и ги вариме пилешките гради.
На ситната страна од рендето во длабок сад го рендаме кашкавалот. Го додаваме фета сирењето и промешуваме. Киселите краставички ги сечкаме на коцки и ги додаваме во садот. Додаваме по една лажица мајонез и кисела павлака. Ја додаваме буковата сол и промешуваме. Го додаваме и ситно сецканотои пилешко. Продолжуваме да ја месиме смесата со рака. Земаме од смесата, ја расплескуваме на едната рака, на средината ставаме една маслинка и ја облепуваме со смесата формирајќи топче.
На истиот начин ги подготвуваме сите топчиња и ги редиме во чинија.
Во длабока чинија ги матиме јајцата. Топчињата ги свалкуваме во брашно, изматени јајца и сусам и ги пржиме во тавана оган со поголемо количесто загреано масло.Откако ќе поруменат од сите страни ги ставамена чинија обложена со хартија. Преостанатата павлака ја мешаме со преостанатиот мајонез и промешуваме.Од преливот нанесуваме врз соленото рафаело со маслинки.