Испечати

Чоколадна торта без јајца

Чоколадна торта без јајца

Состојки

  • пандишпан
  • 500мл јогурт
  • 300гр брашно
  • 250гр шеќер
  • 100мл масло
  • 2 лазици чоколадно какао
  • 1лазица сода бикарбона
  • фил
  • 200гр чоколадо
  • 200мл млеко
  • 13 лазици шеќер
  • 250гр маргарин
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 500гр млеко

Подготовка

Прво го подготвуваме пандишпанот.
Сите состојки за пандишпанот убаво се мешаат со дрвена лажица. Смесата се тура во намрсена тава бр.32 и се пече во зегреана рерна.

Подготовка на филот.
Чоколадото , млекото и шеќерот ги мешаме заедно и ги ставаме на оган да се растопат. Маргаринот го биеме. Пудинзите ги вариме со млекото. Откако се ќе се излади, се мешаат сите состојки за филот и се става над пандишпанот. Одгоре украсуваме со чоколаден прелив.