Полнети пиперки со сирење и јајце
Состојки
- 4 зелени пиперки
- 200гр сирење
- 3 јајца
- 1 компир
- 1 домат
Подготовка
На пиперките им ги отстануваме шишките и ги вадиме семките. Сирењето ситно го дробиме, а јајцата ги матиме со вилушка и ги додаваме на сирењето. Со оваа смеса ги полниме пиперките. Компирот го сецкаме на тенки кругови и со него ги затвораме пиперките. Тавата за печење ја намрсуваме со масло и во неа ги ставаме пиперките да се печат во загреана рерна, додека да поруменат. Се сервираат со домат исецкан на парчиња.
Добар апетит