Полнети поховани цветови од тиква
Состојки
- 11 цветови од тиква
- За полнење
- 250гр. рикота
- 120гр. тенки листови шунка од мисирка
- 1 лажица сецкан свеж магдонос
- 2 лажици пармезан
- Смеса за поховање
- 2 филџана(од 150мл) пиво
- 2 филџана брашно
- 1/2 филџан ладно млеко
- по потреба сол, црн бибер
- За пржење длабоко масло
Подготовка
Во длабок сад измешајте ја рикотата.
Додајте ја ситно сецканата шунка, магдоносот и пармезанот.
Убаво соединете ја смесата и префрлете ја во најлонски шприц.
На цветовите тиква отстранете го толчникот и со шприцот нанесете од смесата.
Полнете го само широкиот дел.
Завиткајте ги краевите на цветовите во вид на спирала.
Во посебен сад ставете го брашното и пивото.
Измешајте убаво со жица, да не останат грутчиња, а потоа додајте го и млекото.
Посолете, наросете малку црн бибер и уште еднаш промешајте со жицата.
Секој наполнет цвет свалкајте го во смесата за поховање и пржете ги во длабоко масло( во фритеза,тава).
Откако ќе се испржат од двете страни извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Послужете ги топли.