Бушави бомбици
Состојки
- 3 големи јајца
- 200 гр. кафеав шеќер (може и обичен)
- 150 гр. маргарин (на собна температура)
- 400 гр. мелени бисквити
- 1 мало лажиче какао
- 50 гр. кокос за валкање
Подготовка
Ставете ги јајцата во сад, додадете го шеќерот, матете со миксер додека шеќерот се стопи и јајцата станат пенести.
Ставете го садот на пареа, привремено мешајте да не загори. Може да готвите и на тивок оган наместо на пареа, но во тој случај постојона мешајте. Варете додека јајцата се згустат и кога ќе поминете со лажица да се прави пат.
Додадете го маргаринот на исечен на ливчиња и мешајте. Оставете уште 10 мин. така да се вари.
Кога е готово додадете го какаото и екстрактот и измешајте да се соедини.
Тргнете од пареа и пополека додавајте од мелените бисквити мешајте со лажица да се соедини. Смесата ставете ја во плехче со хартија за печење. Оставете да се излади во фрижидер преку ноќ или 3-4 часа. Кога се изладило сечете коцки или штангли, ваѓајте парчиња и направете бомбица. Извлкајте ги сите направени бомбици во кокос.
Од оваа смеса излегуват 40 средни бомбици.