Бели лондоњерки
Состојки
- 250гр. маргарин
- 6 жолчки
- 300гр. шеќер
- 300мл. млеко
- 300гр. брашно
- 1 кесичка печиво
- 1 кесичка ванила, рендана кора од лимон
- 3-4 лајци мармалад за премаз,ореви по потреба за посипување
- за шам...
- 6 белки
- 12 лајци шеќер
Подготовка
Маргаринот се бие со жолчките, се додаваат сите состојки горе набројани освен мармаладот. Правоаголно тавче бр.40 се премачкува со масло и се посипува со брашно, смесата се излева во него, се печи на 200, се вади од рерна и се премачкува мармалад, се враќа пак в рерна да подзапечи мармаладот (околу 5-6 мин).
Претходно ги биеме белките со шеќер за шамот и ги нанесуваме врз топол колач, најгоре се посипуваат мелени ореви и пак се враќа во рерна да се запечи се до благо румена коричка додека се образува на површината, се лади после се сечи...