Домашен интегрален леб со јогурт
Состојки
- 500гр брашно(мешано бело и интегрално брашно)
- 1 коцка свеж квасец
- 200мл вода
- 3 лажици масло
- 50мл јогурт
- 1 јајце
- малку сол
- малку шеќер
Подготовка
Се зафатува квасецот со водата, малку шеќер и малку брашно. Се меси тесто и се остава да нарасне 20тина минути. Потоа се прават 6 топчиња се редат во намрсен плех, се оставаат да нараснат, се премачкуваат со изматено јајце, се наросува сусам и му се става по 1 парче маргарин одозгора. Се печат во загреана рерна на 200 степени 20-25мин.