Испечати

Нутела сладолед

Нутела сладолед

Состојки

  • 200 мл слатка павлака
  • 100 мл млеко
  • 5 големи лажици нутела крем
  • прстофат сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка

Слатката павлака убаво изматете ја со миксер. Додадете го млекото, прстофат сол и 1 лажичка екстракт од ванила. Потоа додадете ги и 5те лажици нутела и матете додека не добиете густа смеса. Ставете ја изматената смеса во сад и ставете ја во замрзнувач најмалку 6 часа да се стегне. Послужете со овошје по желба.