Kолачи со портокал
Состојки
- 400гр брашно
- 200гр путер или маргарин
- 150гр шеќер во прав
- 4 жолчки
- 4 лажици сок од портокал+кора од еден портокал
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка пециво
- мармалад од кајсии
- 100гр чоколада за декорација
- 50гр кокос
Подготовка
Путерот се мати со шеќерот и жолчките. Се додаваат ванилата, пецивото, сокот и ренданата кора од портокал и полека се додава и брашното. Убаво се меша со лажица и потоа низ вреќичка од шприц се ваѓаат форми по желба. Јас ги ваѓав како кругчиња. Се редат на хартија во плех и се печат на 200степени додека заруменат(околу 10 мин).
Се оставаат да се изладат, а потоа се лепат по две со мармалад од кајсии.
Се декорираат по желба, а овде од страните се макнуваат во растопена чоколада, па во кокос.