Виткани соленки со сирење
Состојки
- 170 гр. брашно
- 150 гр. сирење
- 100 гр. путер
- 100 мл . млеко
- пола лаж. сол
- пола лаж. прашок за пециво
Подготовка
Од наведените состојки се замесува тесто.
Потоа тоа се расукува со дебелина од 3-4 мм.
Јас си ја расукав во форма на круг и потоа ги исеков краевите за да добијам форма на правоаголник или квадрат. Потоа тоа се сече на половина и се сечат ленти со ширина од 1 см, тие се враткаат и се ставаат во тава за печење, таа не мора да биде подмачкана поради путерот во самотот тесто.
Се печат на 180 тсепени околу 15-20 минути додека убаво да заруменат.