Салата од зелка и морков со сос
Состојки
- 500 гр зелка
- 150 гр моркови
- 2 парчина млад зелен кромид
- За сос
- 150 гр густ јогурт
- 3 лажици мајонез
- 1 лажиче сенф
- 1 лажица киселина
- 1/2 лажиче шеќер
- по потреба сол и бибер
Подготовка
Зелката и кромидот ситно исецкајте ги а морковите изрендајте ги. Ставете ги во сад и направете го сосот.
Сите состојки за сос ставете ги во чинија и со вилушка измешајте ги да се изедначат. Додајте го во исецканиот зеленчук, измешајте и послужете ја.