Торта Благодарност
Состојки
- Пандишпан
- 10 белки
- 200гр. запечени мелени лешници
- 85гр. потпечени мелени бадеми
- 280гр. шеќер
- 2 лажици какао
- Кафеав крем
- 5 жолчки
- 1 јајце
- 150гр. шеќер
- 50гр. чоколадо за готвење(мин 70% какао)
- 250гр. маргарин
- 4 жолчки
- 5 лажици шеќер
- 2 пудинга од ванила
- 1 ванила
- 700мл. млеко
- 500мл. слатка павлака
- 80гр. лупени бадеми исечени на листови
- За премачкување
- 120гр. чоколадо за готвење(мин 70% какао)
- 2 лажици шеќер
- 4 лажици вода
- 3 лажици масло
- За декорација
- 80гр. листови чоколадо
- 70-80гр. бадеми
- 50гр. бело млечно чоколадо
- 50гр. лешници
- 100гр. млечно чоколадо
Подготовка
Ете конечно бидна и мојот 100-ти рецепт.
Ви благодарам Мои Рецепти за сајтов со кој успеа да не обедини сите помлади и поискусни домаќинки и ни овозмози преубава дружба.
Ви благодарам и на сите вас членови на сајтов. Како помлада домакинка научив многу работи од вас и уште многу ќе учам.
Како благодарност еве ќе ве почестам со една торта која се надевам ќе ви се допадне и покрај тоа што има мешавина од 2 рецепта и плус некои состојки кои дополнително си ги додадов.
Пандишпан
Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот матејќи континуирано. Откако ќе се изматат во вид на цврст снег исклучете го миксерот и додајте ги мелените бадеми, лешници и какаото.
Мешајте со лажица во една насока додека смесата се соедини.
Во округол калап со обрач ставете хартија за печење и истурете ја изматената смеса.
Печете на 180 степени, 35 минути.
Испечениот пандишпан оставете го да се олади, а потоа исечете го хоризонтално на два дела.
Кафеав крем
Јајцата и шеќерот изматете ги на пареа. Додајте го чоколадото и мешајте додека се растопи. Оставете го кремот да се олади, а потоа соединете го со изматениот маргарин.
Жолт крем
Во сад со жица изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата. Додадете го прашокот за пудинг и малку од млекото и убаво изматете.
Остатокот од млекото ставете го да се загрее и постепено со постојано мешање додајте ја изматената смеса.
Откако ќе се згусти тргнете го кремот од оган, додајте ги листовите лупени бадеми и оставете да се олади.
Изладениот крем измешајте го со миксер и соединете го со претходно изматената слатка павлака.
Филување
Поставете една половина од пандишпанот. Истиот прелејте го со претходно растопено млечно чоколадо. Оставете малку да се стегне чоколадото, па нанесете од жолтиот крем, врз него од кафеавиот. Поклопете со другата половина од пандишпанот.
Премачкајте ја тортата со остатокот од жолтиот крем
Оставете ја малку тортата во фрижидер, а за тоа време направете ја глазурата така што на пареа растопете го чоколадото со шеќерот, водата и маслото.
Со растопеното чоколадо премачкајте ја целата торта.
Украсете со парчиња чоколадо, лешници и бадеми од кои еден дел чоколадирајте ги со растопено бело млечно чоколадо.
Оставете да отстои неколку часа во фрижидер и послужете.