Гулаш со суво црно вино и рузмарин
Состојки
- 250 гр. кромид
- 800 гр. телешко месо
- 2 лажици кечап
- 200 мл. суво црно вино
- 2 лажици густин
- 250 гр. мешани печурки по избор
Подготовка
Кромидот се сечка на ситно, а месото се сечка на коцки. На загреано масло месото се пропржува, а потоа му се додава кромидот, бибер и малку црвен пипер. Се заедно се вари на умерена температура додека месото не омекне, а потоа му се додава кечапот, црното вино измешано со густинот и рузмаринот.
Печурките се мијат, се сечкаат се додаваат во гулашот и се заедно се вари уште 10 тина минути додека и печурките не се сварат. Пред крај јадењето се зачинува според вкус.
Гулашот се сервира во чинија, одозгора се става сечкан магданос и се служи со претходно обарен компир или ориз.