Потпечени макарони со сирење
Состојки
- 500 грама макарони
- 3 јајца
- малку млеко
- 100-200 грама сирење( можете и помалку и повеќе по желба )
Подготовка
Најпрво ги вариме макароните. Во поголем сад ги матиме јајцата со малку сол, го рендаме сирењето во садот и додаваме малку млеко да се добие хомогена смеса.
Сварените макарони ги ставаме во округло тавче и над нив ја истураме смесата од садот, додаваме масло и се убаво промешуваме. Печиме во загреана рерна на 200 степени