Испечати

Пица чајна - на мој начин

Пица чајна - на мој начин

Состојки

  • продукти
  • 22 лајци брашно
  • 7 лајци масло
  • 20гр. квасец,коцка
  • 100мл.+400.мл. вода за квасецот,уште за месење
  • 1лајче оригано,на врв на лајче шеќер,сол по вкус
  • уште и...
  • 250гр. шунка
  • 250гр. кашкавал
  • 100гр. корнишони
  • 100 гр. чајна
  • 10 маслинки
  • 100гр. бело сирење,кечап,сусам
  • 200гр. печурки по избор

Подготовка

Се зафаќа квасецот, се чека да надојди, после се додава во садот со брашно, масло, оригано, шеќер, сол на крај се меси со водата тестото е многу меко. На намрсен плех со доволно масло се истура тестото и со раце се оформува кората, која се остава некои 15 мин да поднадојди, се премачкува кечап на краевите сусам и се редат состојките по ред, се печи во загреана рерна на 200 некои 13-15 мин.