Испечати

Бајадера торта со ресани и бисквити

Бајадера торта со ресани и бисквити

Состојки

  • 500 грама бисквити
  • 2 пудинзи од ванила
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 1 маргарин
  • 250 грама шеќер во прав
  • 2 пакетчиња ресана
  • 1 литар млеко
  • 2 кесички шлаг

Подготовка

Маргаринот го делиме на половина. Секоја половина ја матиме со половина пакетче шеќер во прав ( и него го делиме на пола) значи 125 грама маргарин се мати со 125 грама шеќер во прав.
Пудинзите се варат одделно два по два.
Двата пудинга од чоколадо ги вариме во пола литар млеко. Исто и двата пудинзи од ванила. По желба ставаме шеќер.
Во секој пудинг ги ставаме матените маргарин и шеќер во прав.
По желба може да додадеме и крен од жолчки, млеко и брашно.

Бисквитите ги ставаме во долгнавест плех. Формираме кора од нив. Прво ставаме од белиот фил, ресаната со чоколадниот дел надолу, па од црниот фил.
Се декорира со шлаг, ореви или рендано чоколадо.
По желба во филот може да се стават и ореви, лешници или топено чоколадо.