Испечати

Потпечени пица макарони

Потпечени пица макарони

Состојки

  • 350гр. макарони
  • 200гр. шунка
  • 120гр кашкавал
  • 100мл доматна салса
  • 150гр. маринирани шампињони
  • 4 лажици пармезан
  • малку оригано
  • по потреба сол, масло

Подготовка

Макароните сварете ги во поголема количина солена вода.
Тавата за печење премачкајте ја со путер или масло и додајте ги сварените макарони.
Додајте ги и сецканата шунка, ренданиот кашкавал, сецканите печурки, доматната салса, малку оригано и убаво промешајте.
Посолете ги макароните, попрскајте ги со масло и нанесете го одозгора пармезанот.
Печете ги на 200 стеени 10-15 минути.