Јарешка плешка печена во фолија
Состојки
- 750 грама јарешка плешка
- 1 тиквичка
- 3 стракчиња млад кромид
- 10 лажици зејтин
- 150 мл бело вино ( зачини количина по вкус,сол,мешан зачин,црн бибер,ѓумбир)
- 350гр печурки
Подготовка
Тиквичката и кромидот ги миеме и сецкаме, тиквичката на тенки кругчиња, кромидот не многу ситно или по вкус. Месото го посолуваме и зачинуваме. Тиквичката и кромидот во посебен сад ги зачинуваме и промешуваме насекаде убаво да се измешаат зачините.
На дното од садот во кој ќе печеме ставаме поголемо парче алуминиумска фолија. Додаваме малку од тиквичката и кромидот и го ставаме месото. Странично го додаваме остатокот што остана од зеленчукот.
Полеваме со виното и одозгора со алуминиумска фолија убаво завиткуваме насекаде.
Печеме на околу 180 - 200 степени околу 1 до 2 часа зависно од јачината на рерната. Десетина минути пред крајот одозгора ја откриваме фолијата за да се исцрви малку месото. Се надевам ќе ви се допадне мојот предлог за ручек. Добар апетит.