Испечати

Црвено рижото со печурки

Црвено рижото со печурки

Состојки

  • 250гр. црвен ориз
  • 100гр. шампињони
  • 3 лажици масло од сусам
  • 450мл. вода
  • 2 млади кромитчиња
  • 2 млади лукчиња
  • 1 лажиче мајчина душица-тимјан
  • 1 лажиче бибер

Подготовка

Се убаво измијте и насечкајте( кромитчињата,лукчињата,печурките)
На маслото запржете ги лукот и кромидот.
Додадете го оризот и откако кратко сте пропржиле, налејте ја водата и оставете да се динста 40 минути или додека водата скроз не се упие.
Во вог тава запржете ги печурките, додадете ги зачините...и оваа смеса додадете ја кај оризот.
Оставете уште 10 минути да се динста и сервирајте на лист зелена салата.

Јас го правев кога беа постите,а инаку може да изрендате и пармезан...
Уживајте!